Услови за користењe

Почетна / Услови за користењe

Услови за користењe

Цените на сите производи на www.kapri.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.


Капри го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците.


Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Корекција на цената во секој случај може да биде извршена од страна на Капри, доколку се работи за очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.


Купувачот може да избере еден или повеќе производи, од понудата на Kапри. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира финалното плаќање. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, со потврда дека нарачката се процесира. Понатаму, зависно од тоа дали нарачката е потврдена или одбиена од оправдани причини ќе добиете повторно известување на вашата e-mail адреса.


Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку Стопанска банка – АД Скопје.

We use cookies in order to personalize your site experience

Read more